Протест на Синдикатот на албанските затворски полицајци

Од:

Синдикатот на вработените во албанската затворска полиција денеска одржаа предупредувачки штрајк, во знак на незадоволство од платата и условите за работа.

Тие обвинија дека Министерството за правда не ја спроведува одлуката донесена од Владата во 2017 година за платата на „чуварите на внатрешниот и надворешниот режим во затворските институции“.

Претставници на Синдикатот истакнаа дека затворските службеници немаат превоз до работното место, немаат униформи и не им се исплаќа прекувремена работа.

– Бараме шест часа работно време наместо сегашните осум, но веќе еден месец работиме 12 часа, без основни услови, без вода, без тоалет, без оброк. Најдете ни човек кој може да остане 12 часа без услови, обвинија тие.

Во однос на униформите според нив во 2018 година Владата донесе одлука за распишување тендер за набавка на нови униформи, но полицајците не добија униформи, а поради големото незадоволство голем број од нив ја напуштаат работата.

– Не знаеме каде отидоа парите, а затворските полицајци ги купуваат униформите од улични продавачи. Вработените во полиција си заминуваат од должност, требаше да има 3.599 вработени, но има само 3.000. Вработените дадоа отказ, посочија тие.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија