Протест на косовската опозиција во Приштина

Од:

Во организација на трите најголеми опозициски партии во Косово, денеска во Приштина се одржаа демонстрации против формирањето на Заедницата на српски општини.

Во обраќањето на протестниот собир, поранешниот лидер на националистичката партија Самоопределување, Албин Курти порача дека опозицијата нема да дозволи формирање на Заедницата на српски општини и повика на обединување на Косово со Албанија.

– Нема да дозволима Србија да дојде на три километри од Приштина, нагласи Курти, додавајќи дека косовската Влада „наместо да работи на обединување со Албанија, го обединува Косово со Србија“.

Курти истакна дека обединувањето на Албанците не претставува препрека за европската интеграција на Косово и ја обвини косовската Влада дека „тргува со националните интереси“.

Приштина Протест

Покрај Курти на собирот говореа и актуелниот лидер на Самоопределување, Висар Имери и првите луќе на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај и на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај.

Протестот, на кој учесниците носеа знамиња на Албанија и шалови  со албански симболи, мина без инциденти. Собирот беше обезбедуван од јаки полициски сили.

Против Курти косовската полиција има издадено потерница за апсење и најави дека ќе го уапси „ако и се укаже можност“, но тоа не се случи за време на протестот.

По протест, Курти се упати во седиштето на Самоупределување, кое, како што јави Танјуг, е опколено од поголем број полицајци, кои најверојатно чекаат тој да го напушти објектот и да биде упасен.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски