Археолозите во Горски котар во Хрватска пронајдоа докази за живот постари од 30.000 години. Трета година по ред професори и студенти по археологија и антропологија од Хрватска и Соединетите американски држави трагаат по докази за живот постари од досега откриените.
Според тимот кој работи на ископувањето во јамата Буковац пронајдена е коска од пештерска мечка која живеела таму пред десетици илјади години.
„Пронајдовме разни изумрени животни, како што е пештерската мечка и успеавме да ги датираме, што покажа дека тука живеел човек, поточно дека пронајдените предмети се стари околу 30 до 31.000 години“, информира Ивор Јанковиќ, заменик-директорот на институтот за Антропологија на Хрватска.