Промовиран Буквар за Голема Албанија

Од:

По повод стогодишнината од независноста на Албанија во Призрен е промовиран заеднички буквар за учениците на Косово и Албанија, при што не беше одмината идејата за „Голема Албанија“.

На промовирањето на заедничкиот буквар за учениците од Косово и Албанија беа присутни премиерот на Албанија Сали Бериша, претседателката на Косово Атифете Јахјага и косовскиот премиер Хашим Тачи.

„Не се собравме случајно овде денеска во Призрен. Каде и да живеат Албанците, нивнатат душа е овде со нас, во Призрен со заедничкиот буквар. Денеска се собравме во духовниот центар на Албанците, градот кој ги чува историските и праведни пораки за обединување на Албанија и Косово во една држава“, порача Тачи.

Бериша кажа дека децата треба да знаат дека децатта треба да знаат дека овој буквар во себе го носи „незгаснатиот идеал за обединување на Албанците“.

Бериша од Призрен ги повика соседите на Албанија да се ослободат од албанофобијата зошто Албанците според него се „народ кој знае да го чува пријателството“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви