Продолжуваат антивладините протести во Софија

Од:

Неколку илјади лица и синоќа се собраа на антивладини протести во Софија, иако Парламентот вчера ја укина одлуката за именување на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за нациоанлна безбедност (ДАНС), чиј избор беше повод за демонстрациите.

Учесниците на протестите, кои се одржаа шести ден по ред, извикуваа „Мафија!“ и „Оставка!“, барајќи оставка на Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски.

Според претставник на демонстрантите, протестите ќе продолжат се до „паѓањето на Владата“.

Орешарски, кој на функцијата беше избран пред три недели, призна дека изборит на Пеевски за прв човек на ДАНС било грешка, но одби да поднесе оставка, бидејќи, како што оцени, падот на Владата би ја дестабилизирал земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори