Продолжува тензијата во Источниот Медитеран – Грција и Турција со нови Навтекс

Од:

Нова навигациска информација (Навтекс) издаде Турција за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран до 1 септември, на што, според грчките медиуми, Грција одговорила со контра- Навтекс за истиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Тензијата во Источниот Медитеран продолжува со несмален интензитет, а и двете земји тврдат дека делот во кој турскиот брод „Оруч Рејс“ најавува сеизмички истражувања е дел од нивниот континентален гребен.

Медиумите во Грција коментираат дека новите активности на Турција се реакција на грчко- египетскиот договор за одредување на Ексклузивната економска зона, што вчера беше ратификуван од грчка страна.

За ситуацијата во Источниот Медитеран, американскиот претседател Доналд Трамп завчера телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според грчките медиуми, Трамп и Мицотакис имале и втор телефонски разговор, во средата на полноќ. за американскиот претседател да го извести грчкиот премиер за разговорите со Ердоган, а Трамп повторил дека посакува деескалација на тензиите.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас е во Брисел на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимних), а Грција очекува високиот претставник за надворешна политика на Унијата Жозеп Борел да ја претстави листата со санкции за Турција, во случај, како што вчера рече владиниот портпарол Стелиос Пецас, земјата „да продолжи со прекршувањата и провокацијата“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он