Приврзаници на „Самоопределување“ палеле службени возила низ Косово

Од:

Привзаници на екс лидерот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, ја презедоа одговорноста за палењето на четири службени автомобили синоќа на различни места во Косово.

Се уште не се познати имињата на сторителите, јави онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.

Група анонимни граѓани ја презедоа одговоноста за подметнувањето пожар на четири службени возила во текот на ноќта во Гњилане, Призрен и Митровица,наведува „Експрес“.

Во соопштението  за јаноста, со кое ја презема одговорноста групата наведува дека состојбата во Косово се влошува, како „последица на Владата на поранешните работници на режимот на Рахман Морина, Иса Мустафа и криминалецот  Хашим Тачи“.

– Оваа Влада на  соработници со непријателот го уапсија и го држат во затвор со висока безбедност Албин Курти и ја следи опозијата, ги апси најдобрите момчиња на нацијата. Парлелните структури кои ја окупираа косовскта земја, на кои Владата  не се осмелува да им се спротвстави, додека пратениците кои ја бранат татковината со достоинство ги следи како што тоа го правеше југословенскиот режим, стои во соопштението потпишано од групата анонимни граѓани.

Тие уште наведуваат дека нема да молчат и понатаму „доколку оваа Влада се обиде во Косово да ја донесе Србија и Црна Гора“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски