Приведени нови 25 полицајци во истрагата за илегално прислушкување во Турција

Од:

Турските власти денеска приведоа 25 полициски службеници во рамки на истрагата за незаконски прислушкувања на телефонските разговори на премиерот и новоизбран претседател Реџеп Таип Ердоган, соопштија турските медиуми.

Акцијата, што е трета по ред од јули, била спроведена во дванаесет турски града, вклучувајќи ги Истанбул и Измир, прецизираат турските медиуми.

По претходните слични акции неколку десетици полицајци, вклучувајќи и некои високо позиционирани полициски началници, беа ставени во притвор под обвинение за „создавање и раководење со криминална организација“.

Меѓу денеска приведените е и поранешниот заменик началник на разузнавачкиот оддел на полицијата во Измир, Хасан Али Окан, кој во текот на зимата беше отстранет од должноста во до тогаш незабележените чистки во полицијата и судскиот систем, кои зафатија неколку илјади полицајци, судии и обвинители.

Овие државни службеници Владата ги обвини за поврзување со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен. Премиерот Ердоган го обвини движењето на Ѓуле за формирање „паралелна структура“ во државните институции, посебно во судскиот систем и полицијата, со цел да ја собори Владата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски