Притворен е матурантот кој со мачета влезе во загрепска гимназија

Од:

По две ноќи поминати во полициски притвор затоа што среде бел ден влегол во гимназија во Загреб со кукри мачета во раката и упатувал закани кон своите врсници и професори, 18-годишниот син на загрепски стоматолог е донесен во сослушување пред истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб.

Обвинителството по рочиштето побара притвор за него, што беше прифатено. На рочиштето, матурантот во своја одбрана изјави дека го познава врсникот од класичната гимназија кого го таргетирал од видување.

– Извинете, но немав намера некого да повредам. Зедов мачета со мене да се бранам во случај некој друг да скокне врз мене. Немав намера никого да повредам – се правдаше 18-годишникот.

Да потсетиме, 18-годишникот по инцидентот се сокрил во станот на неговата баба по тричасовното бегство.

Истрагата утврди дека тој со мачета, криејќи ја под јакната, влегол во училиштето во понеделникот околу 14 часот, а целта му била да му се закани на врсникот кој го посетува тоа училиште.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре и потона катамаран во водите кај Сплит

Ана Ололовска

Уапсен 63-годишен маж за детска порнографија: Странец снимаше голи деца со својот телефон

ВИДЕО: Спасена Хрватка која со часови, повредена висеше на карпа на Вележ

Катерина Павлова-Николовска

Полицијата реши обид за убиство после 25 години: Жена нарача убиство на маж

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски

Голема полициска акција во цела Европа, апсења во Хрватска и во БиХ