Приштина: Неприфаливо е барањето за апсење на новинарот Бужала

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај денеска изјави дека вербалната нота на турската амбасада во Приштина со која се бара преземање санкции против новинарот Берат Бужала е „невообичаена и неприфатлива“.

Како што јави дописникот на МИА, Хоџај додава дека Косово ги почитува слободата на изразување, слободата на печатот и мислењето и смета оти она што го напишал Бужала во врска со обидот за преврат во Турција е „со саркастична содржина и без политички цели“.

– Иако Косово е една една млада и мала држава, сепак има потреба да го чува престижот, гордоста и меѓународниот кредибилитет, да ги штити интересите на своите граѓани, како што е определена да ги зачува добрите односи со пријателските земји, изјави Хоџај за Радио Слободна Европа.

Хоџај ваквите оценки ги даде по вербалната нота на Амбасадата на Турција во Приштина доставена до косовското Министертво за надворешни работи со барање да се преземат казнени мерки против новинарот Бужала, поради неговите сатирични коментари на Фејсбук за неуспешниот обид за воен преврат во Турција.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски