Приштина: Активисти на опозициските партии бараат ослободување на пратениците

Од:

Трите косовски опозициски парламентарни партии, кои се против формирањето Заедница на српски општини, денеска започнаа штрајк пред полицијата со барање да бидат пуштени од притвор петмина пратеници од нивните редови.

Како што јавува „Косова Прес“, активисти на Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово, во рацете носат транспаренти со натписи „Слобода за пратениците! Долу диктатура!“ и „Нема насилство кое ќе не сопре“.

Демонстрантите ги фрлале транспарентите пред полицискиот кордон со кој е блокиран влезот во полициската станица во центарот на Приштина, пренесува Танјуг.

Ова е само еден, од низата штрајкови на косовските опозиционери кои во последните три ипол месеци ја блокираат работата на парламентот, барајќи поништување на бриселскиот договор за формирање на Зедница на српски општини во Косово.

Пет опозициски пратеници, кои во повеќе наврати ја прекинуваа седницата на парламентот со фрлање на солзавец, уапсени се под обвинение за предизвикување на општа опасност.

Меѓу нив е и поранешниот лидер на Самоопределените, Албин Курти, додека двајца пратеници се во бегство.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски