Припадници на „Златна зора“ избркани од болница од Пиреја

Од:

Вработените во општата болница „Никеа“ во Пиреја, исвиркаа и избркаа околу 25 членови на неофашистичката „Златна зора“, кои се обиделе да влезат во болницата за да бараат имигранти кои се лекуваат таму, јави дописникот на МИА од Атина.

– Група од околу 25 фашисти со кошули со темна боја со знакот на Златна зора упаднаа во болницата и пред да бидат забележани, се фотографирале на влезот и во гинеколошка клиника, стои во соопштението од лекарите во болницата.

Лекарите велат дека насилниците биле принудени да си заминат „по координираната реакција од страна на болничката заедница и вербалните напади од страна на персоналот и граѓаните кои се собрале во дворот, додека администрацијата викала полиција.

– Болницата Никеа е болница и област за толеранција и грижа за сиромашните, бегалците и имигрантите. Таква била отсекогаш и таква ќе остане, истакнаа лекарите од оваа болница иги повикаа сите здравствени работници, роднините на пациентите и локалните жители да учествуваат на антифашистичкиот протест, што тие го организираат во сабота во областа Периволаки.

Ова не е првпат припадници на „Златна зора“ да спроведуваат рации во болници и да им ги проверуваат документите за престој на приватно ангажираните медицински сестри и пациентите.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески