Припадници на малцинските заедници дел од БСК

Од:

Триесет припадници на малцинските заедници од Косово, меѓу кои и 26 Срби, станаа дел од Безбедносните сили на Косово (БСК).

На церемонијата во Центарот за доктрина и обука во Урошевац, командантот на БСК, генерал- потполковник Кадри Кастрати изјави дека тоа е исклучително значаен момент, не само за БСК, туку и за оние кои и припаѓаат на формацијата.

-Тоа што овој ден го прави посебен е фактот што денес дипломирани припадници на БСК доаѓаат од редовите на малцинските заедници, рече Кастрати.

Министерот на безбедносните сили, Агим Чеку оцени дека секој ден добиваат се поголема доверба од сите граѓани и дека со овој чин формацијата е уште повеќе мултиетничка.

-Овие дипломирани припадници, ги срушија старите бариери, и го отворија патот на своите сонародници, еден ден и тие да станат дел од армијата на Косово, рече тој.

На свеченоста присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор и високи официјални лица на КФОР.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски