При оддавањето почит пред споменикот на Адем Јашари, Тачи пречекан со протест

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој денеска ја звршува дводневната посета на Албанија, се соочи со непријатен момент при полагањето свежо цвеќе на споменикот на косовскиот борец од последната војна и лидер на ОВК Адем Јашари.

Имено, кога Тачи, заедно со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, пристигнаа на местото, наиде на собрана поголема група млади кои носеа плакати и изикуваа „Доста е од раководење на криминалци“, „Косово е Албанија“, „Границата помеѓу нас е Југославија“ и слично.

Според Балкан веб, како што пренесува дописникот на МИА од Тирана, насобраните биле симпатизери на косоското националистичко движење „Самоопределување“. Истиот извор наведува дека полицијата немало потреба да интервенира и цермонијата на оддавање почит минала без инцидент, по што насобраните веднаш се разотишле.

Шефот на косовската држава вчера имаше средби со албанскиот државен врв, а денеска попладне во Скадар му беше врачено признанието „почесен граѓанин“.

На свечената седница на општина Скадар, по врачувањето на признанието Тачи изјави дека „оваа титула е уште една потврда за тесната духовна поврзаност што постои меѓу Албанија и Косово“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски