Претседателските избори во Црна Гора ќе се оддржат на седми април

Од:

Претседателот на црногорскиот Парламент, Ранко Кривокапиќ денеска изјави оти претседателските избори во Црна Гора ќе се оддржат на седми април.

Мандатот на актуелниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ истекува на 21 мај.

Тоа се шести претседателски избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора односно втори од стекнувањето на независност во 2006 година.

Канидатура за претседтелските избори досега официјално најави само лидерот на Демократскиот фронт, Миодраг Лекиќ.

Актуелниот претседател Вујановиќ изјави дека би победил на претсојните претседателски избори, ако неговата Демократската партија на социјалистите повторно го кандидира. Тој до сега два пати ја извршуваше функцијата претседател на државата, но се уште е нејасно дали се смета неговиот прв претседателски мандат, со оглед на тоа дека Црна Гора тогаш не беше независна држава.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора