Претседателски избори во Хрватска на 28 декември

Од:

Изборите за претседател на Хрватска ќе се одржат на 28 декември, потврди портпаролот на Владата, Никола Јелиќ, а официјалната одлука ќе биде донесена на утрешната владина седница.

Тоа значи дека вториот круг од изборите, доколку дојде до него, ќе се одржи на 11 јануари следната година.

Кандидатите за шестите по ред претседателски избори можат да ги предлагаат политичките партии регистрирани во земјата, една или повеќе политички партии заедно, како и граѓаните. Без разлика на тоа кој го предлага претседателскиот кандидат, мора да бидат собрани најмалку 10.000 потписи од гласачите кои ја поддржуваат неговата кандидатура.

Покрај актуелниот шеф на државата Иво Јосиповиќ, кандидатури досега најавија и Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, Иван Грубишиќ, Анто Ѓапиќ и Иван Руде.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик