Претседателот на Србија во ГС во Њујорк

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ќе им се обрати на светските лидери.

Предвиден е и состанок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Николиќ со првата дама на Србија, Драгица ќе присуствува на отворањето на изложбата „Во чест на Тесла“, како и на приемот кој е во организација на Мисијата на Србија при ОН.

Српскиот претседател, во текот на престојот во Њујорк, присуствуваше на свечениот прием кој за светските лидери го организираше американскиот претседател Барак Обама, како и на откривањето на споменикот на големиот научник Никола Тесла во местото Шорхам, во близина на Њујорк.

Со него во Њујорк е и шефот на дипломатијата на Србија, Иван Мркиќ, кој исто така ќе има низа билатерални средби со министрите за надворешни работи на повеќе држави.

Мркиќ вчера разговараше со шефовите на дипломатиите на Оман, Турција, БиХ и Албанија, а имаше средба и со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

Денеска помеѓу останатите ќе има средба и со својот руски колега, Сергеј Лавров и со хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пушиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада