Претседателката на грчкиот Врховен суд именувана за времен премиер на земјата

Од:

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја именува претседателката на Врховниот суд Василики Тану за премиер, што треба да состави времена влада, која ќе ја води земјата до предвремените избори следниот месец.

Василики Тану (65) ќе биде првата жена на премиерската функција во Грција. Таа треба да положи заклетва денеска подоцна и ќе именува влада, која треба да положи заклетва утре. Изборите во Грција се очекува да се одржат на 20 септември.

Досегашниот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка минатата недела околу седум месеци по изборот. Неговата коалициска влада беше погодена од внатрешен бунт од левичарската СИРИЗА поради одлуката да ги прифати условите за штедење со новиот пакет помош за земјата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески