Предвремени парламентарни избори во Бугарија

Од:

Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, втори од тој вид во изминатите 17 месеци.

Според анкети, Граѓани за европски развој на Бугарија имаат најмногу шанси за победа додека на второ место може да бидат социјалистите, а трети турската малцинска партија Права и слободи.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов беше премиер на државата од 2009 година кога се случија масовни протести против сиромаштијата и високите цени на енергенсите и тој во 2013 година поднесе оставка.

На предвремените избори во 2013 година ГЕРБ повторно победи, но Борисов не формира влада. Технократска влада формираа социјалистите и МРФ, чиј премиер беше Пламен Орешарски. Владата на Орешарски траеше 14 месеци.

Според анкети, ГЕРБ на денешните избори би освоил околу 37 отсто гласови, социјалистите 22-23 отсто и МРФ околу 13 проценти. Не е извесно дали Борисов во случај на победа ќе може да формира влада бидејќи би имале 98-100 места во 240-члениот парламент.

Од таа причина, значајна улога би имале помалите партии меѓу кои и десничарите од Атака кои имаат поддршка од околу четири отсто избирачи.

– Во овој момент не гледам со кого би формирале влада. Ако освоиме 110-115 места ќе најдам решение. Во спротивно, им препуштаме на другите да се обидат, изјави Борисов пред неколку дена.

Борисов (55), поранешен пожарникар и телохранител, во 2005 година беше избран за градоначалник на Софија, а следната година ја формираше ГЕРБ.

Бугарија е најсиромашна членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува околу 400 евра. Неодамна спроведена анкета укажува дека граѓаните сметаат оти ситуацијата во државата е „неподнослива“ (69 отсто), а 60 отсто веруваат дека изборите ќе ги променат работите. Бугарија има околу 7,4 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори