Пожарот во рудникот во Сома се уште не е целосно изгаснат

Од:

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека потрагата по преживеаните рудари во рудникот во Сома е отежната и оти спасувачката акција неколку пати била прекинувана поради отровните гасови од запалениот јаглен.

– Пожарот се уште не е целосно изгаснат, но е регистрирано намалување на концентрацијата на јаглерод диоксидм што е знак дека огнот стивнува, истакна Јилдиз.

Тој наведе дека бројот на жртвите се искачил на 282 луѓе и оти поголем број од нив настрадале од задушување со отровни гасови.

– Најважно е сега да ги извадиме на површина рударите од под земја, рече Јилдиз без да потенцира колкав е нивниот број.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски