Пожарникар загина при гаснење пожар северно од Атина

Од:

Еден 48-годишен пожарникар го загуби животот гаснејќи пожар северно од Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пожарникарот колабирал при гаснење на шумскиот пожар во областа Виотиа, а утре ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за неговата смрт.

Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис и министерот за цивилна заштита Никос Тоскас изразија сочувство за загубата на пожарникарот.

Силните ветришта вчера разгореа неколку пожари во разни делови на Грција.

Грчката противпожарна служба денеска соопшти дека повеќето пожари во моментов се под контрола, но сепак е голема опасноста од нивно повторно разгорување.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески