Пожари и изгорени шатори пред прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос

Од:

Целосно изгореа дел од шаторите во околината на прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос во пожарите што од непознати причини избувнаа синоќа и во текот на ноќта, објавија локалните медиуми.

Во првиот пожар, според невладината организација „Доктори без граници“, изгореле шатори и околу 100 лица останале на улица, а кусо подоцна избиле уште најмалку два пожари исто така во околината на прифатниот центар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Доктори без граници“, преку социјалните мрежи соопштија дека им помагаат на бегалците и мигрантите и одново, во текот на ноќта биле поставени шатори.

Информативниот портал „Самос24“ кусо пред полноќ објави дека се евакуирани дел од бегалците и мигрантит, а според локалните медиуми од островите, дел од барателите на азил ноќта ја поминале на импровизиран фудбалски терен.

Во прифатниот центар, освен Противпожарната служба, која интервенирала во гаснењето на пожарот, големо било присуството и на полицијата.

Причините за пожарите засега не се познати, ниту пак дали има повредени бегалци и мигранти.

Во прифатниот центар за регистрација на бегалци и мигранти на Самос, со капацитет да прими 648 лица, сместени се над 6800 баратели на азил.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо