Пожар во бегалски камп во Бугарија

Од:

Околу 270 лица сместени во Центарот за прием на бегалци во бугарскиот град Харманли беа авакуирани минатата ноќ поради пожар во објектот, соопшти локалната полиција.

Како што јави БТА, пожарот избувнал околу 30 минути по полноќ по локално време (23.30 часот по средноевропско време) во просторија која била користена како складиште.

При пожарот нема жртви, но се уништени 10 душеци, 15 метри од електричната инсталација и 50 метри квадратни од објектот.

– Причините за пожарот се утврдуваат. Истрагата е во тек. Во оваа фаза се уште не можеме со сигурност да заклучиме што го предизвикало огнот, изјави инспекторот од полициската управа во Хасково, Пламен Петков.

Бегалците биле на време евакуирани од просториите во кои престојувале и сега се времено префрлени на безбедно место.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори