Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Од:

По повеќеневните пониски троцифрени бројки, во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19.

-Се зголемува бројот на нови случаи со Ковид-19 во последното деноноќие кога се потврдени 712 новозаразени што е 36,4 отсто од тестираните 1952. Ако се има предвид дека добар дел не се тестираат а други се тестираат во домашни услови, бројот е многу поголем, наведуваат од Министерството за здравстсво и социјална заштита.

Поради тоа од министерството повторно ги повикуваат граѓаните да не ја занемаруваат вакцинацијата против Ковид, особено во „овој период на зголемени контакти, поради движењата во текот на летната сезона“. Додаваат дека може да се вакцинираат сите на возраст над 12 години, а четврта доза може да примат лицата над 60-годишна возраст и хронично болните.

Во изминатото деноноќие во списокот на оздравни се внесени 551 лице, починале две додека во болнички услови се третираат 21 пациент од вкупно 3490 активни на болеста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он