Потпретседателот на ЕП повика на заштита на речното богатство во Западен Балкан

Од:

Потпретседателот на Европскиот парламент Улрике Луначек оцени вчера дека уникатното речно богатство во Западен Балкан не треба да се уништува со изградба на хидроцентрали, субвенцирани од ЕУ, јави Танјуг.

– Додека земјите од ЕУ треба да вложат напори, за да ги исполнат т.н. речни рамки, во Западен Балкан тие критериуми се почитуваат, дури и се надминуваат. Таа предност на земјите од Западен Балкан се поставува под прашање со планираното цунами од хидроцентрали, рече Луначек.

Во свое соопштение по повод вклучувањето на организации за заштита на животната средина во работната група на ЕП за Западен Балкан, таа им се заблагодари на „Ривер воч“ и „Јуронејчр“, кои го покренаа тоа прашање, и го повика ЕП и ЕК да заземат јасна позиција за заштита на реките во Западен Балкан.

– Најголемата еколошка вредност, која Западен Балкан можат да ја внесат во ЕУ, се речните пејзажи. Реките во тој регион се најголемите центри на богатство на флора и фауна и само таму има 69 видови риби, рече директорот на „Ривер воч“ Улрих Ајхелман.

Според него, планирано е да бидат изградени околу 2.000 хидроцентрали, кои ќе го уништат тоа речно богатство.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски