Посебни мерки за пловидба на бродовите во Грција

Од:

Со половина од капацитетот и со посебни превентивни мерки ќе пловат бродовите во Грција од 18 мај до 15 јуни 2020 година согласно одлуките од Министерството за поморство на Грција по одржаниот состанок со комисијата на експерти – епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е на патниците да им се мери температурата и да пополнуваат специјален прашалник за здравствената состојба пред да се качат во брод; да постои по едно празно седиште меѓу патниците; во кабините дозволено е само едно лице, освен ако не станува збор за семејство; како и влегувањето и излегувањето да биде со одржување на потребното растојание.

Од понеделник, на Грците ќе им биде дозволено да патуваат низ континентална Грција како и на островот Крит.

Како што беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, се очекува дополнително, можеби уште утре да бидат соопштени мерките за авионскиот превоз.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески