Поранешниот турски премиер Давутоглу ја напушти партијата на Ердоган

Од:

Ахмет Давутоглу, кој беше премиер на Турција од 2014 до 2016 година, денеска објави дека ја напушта Партијата за правда и развој (АКП), предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Според локални медиуми, уште тројца политичари ја напуштиле партијата заедно со Давутоглу.

Пред неколку дена АКП започна постапка за разрешување на Давутоглу и тројца други поранешни пратеници за кршење на партиската дисциплина.

Поранешниот премиер рече дека не се согласува со сегашниот политички курс на АКП и има намера да формира своја партија.

– Денес имаме историска одговорност да создадеме ново политичко движење. Ги поканувам сите да работат со нас, без оглед на нивните политички ставови, рече Давутоглу.

Во мај 2009 година, Ахмет Давутоглу беше назначен за министер за надворешни работи, а пет години подоцна, на Конгресот на АКП, тој беше избран за претседател на партијата, по што беше потврден од претседателот Ердоган за премиер на владејачката партија.

Во мај 2016 година, Давутоглу објави дека нема да се кандидира за нов мандат како лидер на АКП на следниот партиски конгрес. Според аналитичари, неговата одлука била поттикната од несогласувања со Ердоган за прашањата околу строгата медиумска политика на претседателот и обновената вооружена борба против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) на земјата по прекинот на огнот во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот ги смирува тензиите помеѓу Атина и Анкара

Ана Ололовска

Грција ќе распореди 400 полицајци на границата со Турција кај Еврос

Ана Ололовска

Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

Ана Ололовска

Грчкото МНР го осуди палењето на турското знаме во Атина

Ана Ололовска

Четиридневен полициски час од 23 мај за Рамазан Бајрам во Турција

А1он

Турските власти сменија и во домашен притвор испратија уште четворица курдски градоначалници од истокот на земјата

Ана Ололовска