Поранешниот бугарски министер Овчаров обвинет за злоупотреба на функцијата

Од:

Јавното обвинителство на Бугарија денеска покрена обвинение против поранешниот бугарски министер за економија и енергија Румен Овчаров поради злоупотреба на службената положба и овластувања, јави БТА.

Како што соопшти портпаролката на Обвинителството, Румјана Арнаудова, Овчаров се товари дека како министер ги надминал своите службени овластувања со тоа што на директорот на рудникот „Бобов Дол“ му дозволил да склучи договор со приватната фирма „Ораново“ за експлоатација на јаглен, кој бил во државна сопственост.

Овчаров се сомничи дека со оваа своја одлука од февруари 2007 година, овозможил некотролирано користење на природното богатство, а воедно ги довел во опасност и животите на вработените во рудникот.

Овчаров беше бугарски министер за економија и енергија од август 2005 до јули 2007 година во Владата на Сергеј Станишев.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори