Поранешната австриска политичарка Ангелика Млинар и официјално нова министерка во словенечката влада

Од:

Со 44 гласови „За” и 43 „Против”, словенечкиот Парламент синоќа пред полноќ ја избра австриската политичарка и натурализирана Словенка Ангелика Млинар за нова министерка за кохезивна политика, развој и стратешки проекти.

Премиерот Марјан Шарец по гласањето изјави дека е среќен поради назначувањето на Млинар, а аналитичарите оваа го сметаат како победа за Шарец, бидејќи и покрај тоа што неговата Влада е малцинска, сепак во Парламентот имаше доволен број пратеници кои го поддржаа назначувањето на Млинар, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Млинар, која има словенечко потекло, е австриска државјанка која беше активна во австриската политика. За да биде назначена за словенечки министер, таа прво по скратена постапка мораше да добие и словенечко државјанство. Ова отвори многу дилеми и дебати во Австрија, каде што за првпат беше дозволено некој да има две државјанства. За да добие словенечко државјансто по итна постапка и помогна тоа што таа е родена во дел на Австрија, односно Австриска Корошка, каде што живеат етнички Словенци и тоа што таа беше третирана како човек од национален интерес.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски