Поранешен командант на комунистички затвор во Романија обвинет за жестоки убиства

Од:

Романскиот Институт за истражување на злосторствата на комунизмот побара од обвинителството на Воениот суд во Букурешт да почне кривична постапка против поранешниот командант на затворот во Рамнику Сарат, Александру Вишинеску под обвинение за убиство во особено тешка форма.


Според истрагата во периодот од 1956 до 1963 година во кој Вишинеску бил командант на затворот Рамнику Сарат политичките затвореници биле подложени на исклучително суров режим, пренесува БТА.


– Постојат јасни докази за нехуман однос, на кој биле подложени затворениците, вклучително целосна изолација од семејствата и други лица, мизерни услови за живот, неподнослив студ во ќелиите, сурови физички казни за незначителни престапи, недоволна храна и недостаток на медицинска нега, наведува претседателот на Институтот Андерј Мурару. Според него ваквите услови се причина за смртта на најмалку петмина политички затвореници.


Во април Институтот го објави почетокот на постапката за истрага на 35 поранешни службеници на Главната дирекција за затворите, осомничени за извршување политички злосторства во периодот од 1950 до 1964 година. Службениците, кои се на возраст од 81 до 99 години, се осомничени за убиства во тешка форма или геноцид.


Вишинеску (88), кој живее во центарот на Букурешт ги отфрли обвиненијата, истакнувајќи дека едноставно ги извршувал обврските.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет