Поплави во Словенија и Австрија

Од:

Поројните дождови што во текот на вчерашниот ден зафатија делови на Словенија и Австрија предизвикаа поплави, кои досега однесоа еден живот.

Една 17-годишна девојка загина, а маж се води како исчезнат кога возилото со кое патувале било однесено од надојдените води во словенечкото место Вранско, на 50 километри северно од Љубљана.

Поплави се регистрини и во источните и јужните делови на Словенија, главно долж теченијата на реките Сава и Крка. Словенечките медими јавија дека под вода се неколку стотици куќи и други станбени и деловни објекти, а во прекин е и собраќајот на повеќе патни правци.

Поплави има и во австриските покраини Штаерска, Корушка и Биргенланд, при што најтешко се погодени местата Јенерсдорф, Лајбниц и Дојчландсберг каде за многу кусо време наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Австриските медиуми јавија дека реката Мура се излила од своето корито во Грац, поплавувајќи го градскиот кеј.

Покрај поплави, во некои делови на Австрија е регистриана и појава на одрони, кои предизвикаа прекин на собраќајот на неколку патни правци и една железнички пруга.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата