Понта нема да се кандидира за претседател на Романија на следните избори

Од:

Романскиот премиер и лидер на Социјалдемократската партија Виктор Понта изјави дека нема да се кандидира за шеф на државата на изборите кои ќе се одржат следната година.


– Избришете ме од списокот на кандидатите, нема да се кандидирам. Социјалдемократите стојат на својот збор, кој им го дале на коалициските партнери. Ќе претставува голем ризик за партијата ако не си го одржам зборот, истакна Понта на прес-конференција.


Тој нагласи дека согласно договорот, владејачката коалиција за свој претседателски кандидат ќе го именува лидерот на Националнолибералната партија и претседател на Сенатот Крин Антонеску.


– Социјалдемократите ќе ја поддржат кандидатурата на Антонеску и тој сигурно ќе победи, нагласи Понта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет