Политички реакции за убиството на маж од сипмпатизер на „Златна зора“

Од:

Бура политички реакции предизвика трагичниот инцидент во кој 34-годишен маж синоќа беше убиен по напад од симпатизер на крајнодесничарската „Златна зора“ во атинскиот кварт Керацини.

За попладнево на местото на инцидентот се планирани антифашистички протести, објавуваат грчки медиуми.

Владиниот портпарол Симос Кедикоглу денеска изјави доста е веќе насилство и побара трагичниот инцидент да биде осуден од сите политички сили во државата. Во изјава за телевизијата „Антена“, тој се воздржа да посочи виновник, истакнувајќи дека треба да се почекаат резултатите од истрагата.

– Не знам дали имало политички мотиви, но се уште е рано да се даваат заклучоци, изјави Симос Кедикоглу.

Министерот за правда изјави дека Владата го осудува насилството што го практикува крајнодесничарската „Златна зора“.

– Толерантноста кон „Златна зора“ донесе жртва, сторителите да гнијат во затвор, изјави пратеник од главната опозициска партија радикалната левица СИРИЗА.

ПАСОК во соопштение наведе дека „Златна зора“ е криминална организација.

Комунистичката партија го оквалификува како „убиство“ нападот врз 34-годишниот маж, извршено, според неа, од „фашисти на Златна зора“.

Од своја страна, „Златна зора“, соопшти дека ги смета за клевета сите тврдења дека таа партија е одговорна за инцидентот.

Според грчки медиуми, човекот бил убиен од група крајнодесни елементи по полноќ пред кафуле во Керацини. Според нив, во тепачката учествувале над десет луѓе, а жртвата била позната во реонот по антифашистички изјави. Жртвата била убиена со нож.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески