Полицијата спречи протест на новинарите во Истанбул

Од:

Полицијата спречи вчера стотици новинари да одржат протестен марш во Истанбул. Новинарите бараа слобода на медиумите и го осудија притисокот врз нивните колеги за време на бранот антивладини демонстрации минатиот месец.

Голем број новинари во Турција беа приведени, а некои се под постојана лупа на властите, додека известуваа за тринеделните протести. Некои од нив кои застанаа на страната на демонстрантите беа отпуштени од работа или самите си дадоа откази.

Новинарите планираа вчера да организираат протестен марш до главниот плоштад во Истанбул, но беа спречени од полицијата. Тие одржаа протест со седење, пред да се разотидат.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски