Покрија споменици, за да не го гледаат срамот со кирилица

Од:

Членови на организацијата Штаб за одбрана на хрватски Вуковар, покрија споменик за да не гледаат кирилица.

Во Вуковар се одржа акцијата „Кој се плаши од вистината и правдата?“, во текот на која членовите на Штабот цел ден делеа летоци со информации за постоењето на оваа организација, која се бори против воведување на двојазичноста во Вуковар.

Тие ги поминале и спомениците од Домовинската војна и спровеле различни други акции, пренесуваат хрватските медиуми.

Претседателот на Штабот, Томислав Јосиќ изјавил дека во Вуковар повторно мора да се направи попис на населението.

Тој тврди дека бројот на граѓаните од српска националност во Вуковар е под 33 проценти, па поради тоа нема да има потреба да се воведе кирилица.

Активистите во целиот град со црни ткаенини ги покриле спомен-обележјата од Домовинската војна, споменикот на Благи Задри и на првиот претседател Фрањо Туѓман.

Тие објасниле дека ова го прават за да не го гледаат срамот кој што им го приредува Владата на Република Хрватска.

Организирале и штандови и на граѓаните им делеле различни информативни материјали за ставовите и акциите на организацијата.

„Ни треба работа или кирилица“, „Немам работа, не знам кирилица“ се само дел од пораките кои што стојат во летоците, а поделени се и броеви од телефони на владата, меѓу кои и бројот на министерот за управа Арсен Баук, за да граѓаните го прашаат зошто воведува кирилица и зошто Хрватите во Вуковар мора да продаваат куќи и да се селат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик