Подгорица: Обвинителка фатена при кражба на козметика

Од:

Заменик главниот обвинител од Подгорица, Ромина Влаховиќ била фатена во саботата во кражба на скапоцени креми во маркет во градот, објави Побједа.

Според весникот, обвинителката била затекната во продавница додека ставала скапоцени помади во кутии од поевтини кои подоцна уредно ги плаќала на каса.

Сопственикот и персоналот на маркетот и претходно забележале „вишок“ евтини помади во кутии од оние скапите. Влаховиќ била снимена со безбедносна камера како во маркетот препакува помади.

– Постои се уште дилема дали се работи за кражба или измама, изјави за Побједа обвинителката Лилјана Кликовац. Без оглед на квалификацијата на кривичното дело доколку биде докажано „преместувањето помади“ обвинителката Влаховиќ не би можела да остане на сегашната функција.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора