Маж загина во експлозија на автомобил во Подгорица

Од:

Во експлозија на автомобил во центарот на Подгорица денеска е убиен еден човек, изјави Нермин Абдиќ, директор на Ургентниот центар во главниот град на Црна Гора.

Мажот беше донесен во тешка состојба, а лекарите неуспешно се обидоа да му го спасат животот.

Според црногорски медиуми, станува збор за Никола Чупиќ (33), кој во полиција се водел како „безбедносно интересно лице”, блиско со цетинските криминални групи.

Бомбата била поставена под автомобил „тојота“ со цетински регистарски таблички, објавија црногорски медиуми.

Полициските патроли на Подгорица трагаат по сторителите.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора