Подгорица: Црна Гора не води антируска политика

Од:

Црногорската Влада денеска ги отфрли како неосновани тврдењата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова дека Подгорица води антируска политика и дека премиерот Мило Ѓукановиќ „намерно се обидува да ги уништи односите со Русија“.

Подгорица реагираше на денешната изјава на Захарова во која таа им порача на црногорските власти дека „сносат целосна одговорност за своите антируски ставови“.

– Премиерот Ѓукановиќ отворено и експлицидно го предводи трендот на намерно уривање на традиционалните пријателски односи меѓу двете земји, изјави Захарова, додавајќи дека Русија ја увидела одговорноста на црногорскиот премиер за „антирускиот правец на Црна Гора“.

Во својата реакција црногорската Влада оценува дека изјавите на Захарова се „недипломатски“ и дека нејзините обвинувања се „неосновани“.

– Напротив Црна Гора се обидува да ги подобри односите и тоа не само со зборови туку и со дела. За тоа говори и одлуката на Владата на Црна Гора за продолжување на безвизниот режим за граѓаните на Русија од 30 на 90 дена, се истакнува во соопштението.

Натаму црногорската Влада додава дека со ваквите изјави Москва се обидува да ја натера Подгорица да ја почитува желбата на руските власти, а не Уставот на Црна Гора.

Денешната изјава на Захарова претставува реакција  на последните оценки на Ѓукановиќ во врска со политиката  на Москва кон балканскиот регион. Ѓукановиќ во интервју за порталот „ЕУ Обсервер“ ја предупреди ЕУ дека постои опасност од „руска закана“ за Западниот Балкан.
– ЕУ треба да престане да зборува за заслуги во врска со проширувањето и да спроведе построга регионална стратегија во однос на рускиот ривал, почара Ѓукановиќ во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора