Под лупа финансирањето на Нова демократија и ПАСОК

Од:

Грчкиот финансиски обвинител Григорис Пепонис ќе повика претставници на Нова демократија и ПАСОК да ги објаснат големите заеми кои двете партии ги добиле од неколку банки, како дел од истрагата за финансирање на политички партии.

Весникот „Катимерини“ дознава дека Пепонис на 18 февруари ќе се сретне со претставници од двете партии кои ќе треба да ги објаснат комбинираните долгови од околу 250 милиони евра кон некои банки.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нова демократија, наводно и должи околу 105 милиони евра на „АТЕ Банката“ и 15 милиони евра на банката „Пиреја“. Во исто време, ПАСОК, наводно позајмил 97 милиони евра од „АТЕ банката“, 22 милиони евра од банката „Атика“, 10 милиони евра од „Марфин“ и пет милиони евра од банката „Пиреја“.

Пепонис ги испитува околностите под кои овие заеми биле доделени и дали се прекршени некои закони. Се претпоставува дека за да ги земат заемите, двете партии ставиле под хипотека идни државни финансии, пари ко ги добиваат сите парламентарни партии.

Потегот на Пепонис доаѓа откако лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос соопшти дека планира да создаде подобар финансиски менаџмент внатре во партијата, што ќе биде една од главните теми на конгресот на социјалистите кој треба да се одржи кон крајот на месецов.

Венизелос предлага создавање на петчлен финансиски надзорен одбор кој ќе се справи со сериозните финансии на ПАСОК. Тој исто така предложи објавување на сите приходи и трошоци на партијата на интернет, вклучувајќи ги и приходите кои доаѓаат од партиските членови и функционери и од државното финансирање.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов