Почна со работа новата грчка државна телевизија

Од:

Новата грчка државна телевизија НЕРИТ од синоќа почна со емитување на редовна програма, со вести кои ги водеше позната телевизиска водителка Андријана Параскевопули.

Новата радио, интернет и телевизија (НЕРИТ) е формирана откако лани во јуни, во рамки на меркита за штедење, грчката Влада по повеќе од 60 години работа ја укина дотогашната државна телевизија ЕРТ, што доведе до отпуштање од работа на околу 2.600 лица.

По затворањето, дел од вработените во ЕРТ продолжија да емитуваат програма преку релеј на една приватна телевизиска станица, претворајќи се во водечки опозициски медиуми во Грција.

Кон средината на јули беше формирана привремена државна телевизија ДТ, каде останаа да работат мал дел од поранешните вработени во ЕРТ, кои сега преминаа во НЕРИТ.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески