Во Храмот Свети Сава во Белград почна погребната церемонија за патријархот на СПС Иринеј. Во тек е литургијата, служи митрополитот добробосански Христозом. Телото е поставено во централниот дел на храмот, присутни се сите владици и 16 свештеници. Телото како и вчера е покриено за стаклен капак. На погребот како што е предвидено ќе зборуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Илјаднци луѓе и во текот на ноќта и утрово доаѓаат да се простат од Патријархот. Поради ова епидемиологот Предраг Кон, погребот го нарече „епидемиолошки ризик“. Тој зборуваше на државната РТС и рече дека му е должност да каже дека ваков собир воопшто не е препорачлив во моментов дека настанот е епидемиолошки неприфатлв, но оти е нешто што не може да се забрани. Тој ги повика сите кои одат на погребот строго да ги почтуваат мерките. На почтување на мерките повика и СПЦ и градоначалникот на Белград.