Раст на бројот на починати од Ковид-19 во Србија, можни нови мерки

Од:

Во Србија во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починало 61 лице, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 9.509, соопшти Министерството за здравство.

Во земјата се регистрирани 5.733 нови случаи на Ковид-19, од направени 17.354 тестирања. На болничко лекување се 6.724 пациенти, од кои 289 на респиратор.

Од почетокот на пандемијата вирусот е потврден кај 1.098.209 лица.

Од Кризниот штаб најавуваат можност за проширување на рестриктивните мерки, односно ќе предложат ковид сертификатите да важат на повеќе места, како трговски центри и на поголеми собири.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Белграѓани на улица, протест против ковид пропусниците

Србија надмина еден милион заразени од почетокот на пандемијата

Луѓето мислат дека имаат стомачен вирус, а всушност се ковид-позитивни тврди српски лекар

Катерина Павлова-Николовска

Србија ќе воведува ковид сертификати за во ресторани, кафулиња, ноќни клубови

Катерина Павлова-Николовска

Во Србија се повеќе барања за воведување ковид пропусници

Брнабиќ: Обврзната вакцинација на лекарите ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права