Почна изградбата на подводен тунел меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го означи почетокот на градежните работи на тунелот „Евроазија“, што ќе минува под Мраморното Море и ќе ги поврзува европскиот и азискиот дел на Истанбул, јави Андолија.

– Овој тунел ќе го намали времето за преминување преку Босфорот од сегашните 100 на само 15 минути, нагласи Ердоган, додавајќи дека вакви тунели низ кои возилата минуваат под вода има само уште во Њујорк, и тоа четири, како и по еден во Малезија и Франција.

Церемонијата на отопчнување на подземните работи на тунелот се одржа во азискиот дел на Истанбул. Ердоган најави дека е предвидено дневно да бидат пробивани по 10 метри од тунелот.

Тунелот ќе биде со должина од 14,6 километри и низ него ќе може да минуваат само автомобили и минибуси, додека движењето на камиони, мотоцилки, велосипеди и пешаци нема да биде дозволено.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски