Почна изградбата на автопатот Приштина-Блаце „Арбен Џафери“

Од:

Со свечесноста организирана во селото Углар, Косово Поле, беше означен почетокот на изградбата на автопатот Приштина-граничен премин „Блаце“ на косовско-македонската граница, јави дописникот на МИА.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Косово Атифете Јахјага, американската амбасадорка во Приштина Трејси Јакобсон, потпретседателот на македонската влада Муса Џафери, многу граѓани и претставници на политичкиот живот на Косово. Не присусуваше косовската опозиција, за која вредноста на автопатот е голема, а проектот преполн со нерегуларности.

Почетокот на работите на овој патен правец, кој се поврзува со автопатот „Ибрахим Ругова“, од границата со Албанија го означи косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи. Тој на свеченоста соопшти дека автопатот ќе биде именуван по почесниот претседател на Демократската партија на Албанците во Македонија, Арбен Џафери. Според Тачи, Патот 6, како што уште се нарекува оваа делница,  е  проект од огромно значење за Косово.

– Автопатот ги поврзува народите на двете земји, на Косово и на Македонија, и многу е значаен за економскиот развој и  се вбројува меѓу најзначајните приоритети кои ги презентиравме во „Новата мисија“ пред граѓаните на Република Косово, изјави меѓу другото Тачи, алудидајќи на изборните ветувања.

Тачи упати голема благодараност до американско-турскиот комзорциум „Бехтел-Енка“ кој ќе го гради автопатот.

– Продолжуваме со историјата на успеси во Косово. Само пред неколку месеци завршивме со изградбата на патот 7, автопатот „Ибрахим Ругова“. Денеска почнуваме со изградба на новиот автопат, величеснтвен проект за Косово и пошироко, рече меѓу другото Фехми Мујота, министер за инфраструктура.

Потпретседателот на македонската влада Џафери изјави дека овој пат го олеснува слободното движење на Албанците од двете страни на границата, но и на другите во регионот.

Според потпишаниот договор ќе бидат инвестирани 820 милиони долари, а работите треба да завршат на крајот од 2017 година.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски