Почина познатиот хрватски новинар Мислав Баго

Од:

Почина водителот и новинар на Нова ТВ, Мислав Баго на 48-годишна возраст, објави Нова ТВ.  Баго бил пронајден мртов рано утринава на улицата Мартиќева во Загреб. Засега нема официјални информации за причината за смртта. 

„Неговото прерано заминување е голема загуба за нас. Беше омилен колега, секогаш подготвен да помогне. Остави неизбришлива трага во новинарството. Се воодушевуваме на неговата страст за новинарската професија, секогаш со нова идеја, секогаш чекор понапред“, вели директорката на Информативната програма на Нова ТВ, Ксенија Кадрум.

Мислав Баго со својот специфичен стил и новинарски израз беше познат и почитуван и од македонската телевизиска публика.  Својот професионален ангажман го започнува во ХТВ каде својот врв го достигнува како водител на емисијата „Отворено“. Од 2009 година е уредник и новинар во НОВА ТВ.

 

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари