Почина кралот на Ромите

Од:

Романецот Флорин Чоаба, кој себеси се прогласи за крал на сите Роми во светот, починал во болница во Турција, откако бил хоспитализиран поради инфаркт, објавиле романските медиуми.

Чоаба (58) во 1997 година се прогласи за „крал на Ромите во целиот свет“, бил примен во болница во вторникот во Анталија, каде бил на одмор.

Тој се оженил на 14 години, а бил изложен на големи критики кога во 2003 година ја омажи својата ќерка Ана Мариа на 12 годишна возраст со исто така младо момче Ром постаро три години.

По ова Чоаба се заложил дека ќе се бори против венчавањето на Ромите во периодот на адолесценција. Тој се залагал и за образование на младите од оваа етничка заедница.

Претседателот на Романија Трајан Басеску, кој со години присуствувал на разни ромски прослави, изразил сочуство до семејството на Чоаба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет