„Побједа“: Шефот на црногорската дипломатија ја напушта функцијата

Од:

Потретседателот на црногорската Влада и министер за надворешни работи Игор Лукшиќ ќе ја напушти функцијата до крајот на овој месец, објави денеска црногорскиот весник „Побједа“, додајвајќи дека за оваа негова одлука веќе го информирал и премиерот Мило Ѓукановиќ.

За причините поради кои Лукшиќ ја напушта Владата на Ѓукановиќ, подгоричките медиуми даваат многу претпоставки.

Во црногорските политички кругови се шпекулира дека Лукшиќ си заминува поради заминување на некоја меѓународна функција, а меѓу нив како најатрактивна се споменува кандидатурата за генерален секретар на ОН, за која, како што се претпоставува, би имал голема поддршка од земјите од југоисточна Европа. Исто така, се споменува и некоја функција во развојната програма на Светската банка.

Овие шпекулации Лукшиќ досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше.

Напуштањето на должноста во извршната власт, Лукшиќ индиректно ја најави уште во интервју на подгоричката агенција МИНА на почетокот на годинава, кога изјави дека нема да се кандидира за партиска функција иако е потпретседател на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС).

„Побједа“ пишува дека, според нејзини извори, причина за заминувањето на Лукшиќ може да биде и неговото тивко незадоволство откако Ѓукановиќ го преземе кормилото на Владата. Според други тврдења, врвот на ДПС не гледа позитивно на „кокетирањето“ на Лукшиќ со опозициските партии и медиумите чии сопственици имаат отворени амбиции да ја креираат црногорската политичка сцена.

Лукшиќ во една ТВ емисија изјави дека нема ништо против да се формира техничка влада, која ќе ги подготви следните парламентарни избири во Црна Гора, што всушност е основно барање на опозицијата и нивните протести.

Лукшиќ ќе остане запаметен како шеф на дипломатијата во чиј мандат Црна Гора ја оствари една од своите најголеми стратешки државни цели – добивањето покана за членство во НАТО, како и дека во негово време беа отворени голем број на поглавја од преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора