„Побједа“: Рускиот вице-премиер Рогозин има забрана за влез во Црна Гора

Од:

Потпретседателот на руската Влада и еден од најблиските соработници на претседателот на Русија Владимир Путин, Дмитриј Рогозин се наоѓа на листата на руски државјани на кои не им е дозволен влез на територијата на Црна Гора, објави подгоричкиот весник „Побједа“.

Претставник на црногорското Министерство за надворешни работи и европски интеграции за „Побједа“ изјавил дека Рогозин „се наоѓа на листата руски државјани на кои врз основа на одлуките на Владата за воведување на меѓународни рестриктивни мерки, им е ограничен влезот во Црна Гора“.

Владата, како и во случајот со тајкунот Константин Малофејев, се повикува на одлуката на Советот на ЕУ од 17 март 2014 година, која е продолжувана на секои шест месеци. Последната одлука на Советот е донесена на 14 септември 2015 година и нејзиното продолжување се очекува во март годинава.

Рестриктивните мерки кои се однесуваат на Рогозин се воведени поради „активности кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, се наведува во изјавата на црногорското Министерство за „Побједа“.

Санкциите на ЕУ, покрај забрана за патување, подразбираат и замрзнување на сметките, но не е познато дали Рогозин има пари на сметки во банките во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора