Побарана истрага за прекумерната употреба на сила на полицијата врз демонстрантите во Истанбул

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муизниек денеска побара истрага за претераната употреба на полициска сила за време на антивладиите протести во Турција во минатиот месец.

– Сите инстанци на прекумерна употреба на сила од страна на поицијата мора да бидат целосно под истрага и адекватно казнети, изјави Муизниек на прес конференција за време на петдневната посета на Турција.

Неговата посета следува по протестите против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во јуни кога околу 2,5 милиони луѓе излегоа на протести на улиците.

Четири луѓе загинаа и 8.000 беа повредени при насилното растурање на демонстрациите кои почнаа по протест  во паркот Гези во Истанбул, но подоцна се претворија во национален протест против Владата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски