По локалните, можни се и предвремени парламентарни избори во Косово

Од:

По локалните избори во Косово, кои треба се одржат на 3 ноември, постои можност следната пролет да бидат закажани и предвремени парламентарни избори, оценуваат косовски политичари и аналитичари.

Според радио „Слободна Европа“, Владата на премиерот Хашим Тачи ја губи поддршката на мнозинството, а моментно постојат неколку варијанти за решавање на проблемите.

Првата можност е реконструкција на косовската Влада, што ќе подразбира вклучување на некоја од опозициските партии во власта. Втората е опозицијата да формира времена влада до изборите, а третата е сегашната Влада да продолжи да работи, но да се договори со опозицијата околу датумот за следните избори и за некои изборни реформи.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај по враќањето од посетата на САД истакна дека најдобро решение е опозицијата да формира нова влада.

– Ние се согласуваме тоа да се случи по локалните избори. Ќе почекаме да видиме како ќе одлучат граѓаните, но сметам дека е многу подобро за Косово да има влада формирана од сегашната опозиција, нагласи Харадинај.

Аналитичарот Дритон Селманаи од Косовскиот демократски институт смета дека Владата го загубила мнозинството и опстојува единствено благодарение на опозицијата, која „не е решителна да ја предизвика“.

– Решението може да биде распуштање на Парламентот и распишување предвремени избори, оцени Селманаи.

Проблем за Демократската партија на Тачи е и тоа што нејзината парламентарна група се подели, што го доведува во прашање опстојувањето на коалициската Влада до крајот на нејзиниот мандат, наведува радио „Слободна Европа“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски